Собранието на доверители и Одборот на доверители на а.д. Транскоп" - Товарен сообраќај одлучија да продолжи продажбата на имотот по пат на прибирање затворени писмени понуди. Огласена е сервисна работилница со корисна површина од 3.287 квадратни метри во вредност од 32.386.976 денари што се наоѓа во просторот на некогашната голема механичарска гаража на битолски Транскопп, на излезот од Битола кон Меџитлија. Огласени се и поголем број возила, камиони, платформи, ладилници, приклучни возила и лесни возила од марките Ман", Шмиц", Гоша", Форд", Пежо" и Ситроен", како и возила кои се наоѓаат во Охрид. На продажба се машини, опрема и делови за товарни возила за кои исто така претходно е извршена дополнителна проценка од овластени проценители. Отворањето на понудите за продажба на имотот на а.д. Транскоп" - Товарен сообраќај - Битола во стечај ќе се врши на 4 февруари во Основниот суд Битола.
Собранието на доверители и Одборот на доверители на а.д. Транскоп" - Товарен сообраќај одлучија да продолжи продажбата на имотот по пат на прибирање затворени писмени понуди.
Огласена е сервисна работилница со корисна површина од 3.287 квадратни метри во вредност од 32.386.976 денари што се наоѓа во просторот на некогашната голема механичарска гаража на битолски Транскопп, на излезот од Битола кон Меџитлија.
- Огласени се и поголем број возила, камиони, платформи, ладилници, приклучни возила и лесни возила од марките Ман", Шмиц", Гоша", Форд", Пежо" и Ситроен", како и возила кои се наоѓаат во Охрид, информираат од канцеларијата на стечајниот управник Владимир Талевски.
На продажба се машини, опрема и делови за товарни возила за кои исто така претходно е извршена дополнителна проценка од овластени проценители. Отворањето на понудите за продажба на имотот на а.д. Транскоп" - Товарен сообраќај - Битола во стечај ќе се врши на 4 февруари во Основниот суд Битола.